Пољуд на памети ваква фудбалска грозница во декември – Јани Атанасов ќе ужива во историја, Хајдук урна клупски рекорд

Навивачите на Хајдук урнаа клупски рекорд во богатата историја на клубот и во вистинска фудбалска грозница по билети ги купија сите 32.000 влезници за мечот со Осиек што ќе се игра утре, а е дерби на 20. коло во хрватското првенство.

Никогаш досега од 1979 година кога легендарнито клуб се пресели на „Пољуд“ во декември не биле продадени толку влезници.

Хајдук по подолго време е конкурентен во битката за титулата во ХНЛ, а „Торцида“ и сплиќани се познати како едни од најверните навивачи на светот, па капацитетот пламна за само 3-4 дена.

„Едвај најдовме билети. Почнавме да се обидуваме преку интернет во четвртокот и дури по полноќ, односно во петокот успеавме да си обезбедиме место на Пољуд. Ќе биде лудница што не се памети, особено ако го победиме Осиек“ ја раскажаа својата успешна авантура навивачи на Хајдук.

Првично во продоажба беа пуштени 27 илјади билети, а поради огромниот интерес дополнително се продаваа билети и за Западната трибина, па стадионот со капацитет од 34.198 места ќе биде полн.

За Хајдук настапува Јани Атанасов и ќе го памети мечот по декемврискиот рекорд, а дуелот ќе се игра утре од 17.30 часот.

 

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести