Италијанскиот фудбалер Марио Балотели повторно се најде во центарот на вниманието, иако на вчерашниот меч на Аданаспор против Галатасарај не беше ниту стрелец, ниту асистент.
Адана го совлада истанбулскиот гигант со 2-0, двата гола ги даде Акѓун, а по првиот погодок, Балотели на необичен начин му честиташе на својот тимски другар: на шега го удри со нога в глава. Несериозниот некогашен голем талент на италијанскиот фудбал по вториот гол, го прегрна Акѓун.
Погледнете: