Празничниот ден во Велика Британија, што е познат по фудбалскиот спактакл на Боксинг деј, ќе има уште еден меч помалку откако денеска е одлучено да се одложи и дуелот меѓу Барнли и Евертон.
Засега остануваат шест дуели што треба да се играат на 26 декември, а од претходно беа одложени мечевите меѓу Ливерпул и Лидс и Вулверхемптон и Ватфорд.
Бенитес објави дека Евертон има само деветмина играчи и тројца голмани, а дури 11-мина отсутни фудбалери, дел од нив повредени, дел со позитивни тестови на ковид-19.
Боксинг деј е најспектакуларниот ден за фудбалот во Велика Британија, но годинава веќе е начнат со три одложени натпревари.