Голем удар за Франција: Ремили се повреди а Карабатиќ и уште две ѕвезди се позитивни на Ковид-19 пред почетокот на ЕП

Репрезентацијата на Франција се соочува со големи проблеми пред почетокот на Европското првенство во ракомет.

„Експертите“ во Унгарија и Словачка ќе морат да настапат без Недим Ремили кој вчера заработил повреда на зглобот на левата нога.

На тренингот на репрезентацијата, Ремили заработил повреда, а во консултација на докгорите на Франција и ПСЖ, одлучено е тој да биде повлечен од тимот.

Тука не застануваат проблемите за „Триколорите“ кои што во моментов се без Никола Карабатиќ, Беноа Кункуд и Јанис Лен.

Поради семејна трагедија, пак, на стартот од подготовките ќе го нема Винсен Жерар.

Франција се наоѓа во групата Ц, каде што уште се и Србија, Украина и Хрватска со кого ќе игра во првото коло.

- Оглас -

Најнови вести