Ново реми без голови на Милан

Болоња и Милан одиграа меч без голови и без многу шанси во финишот на 16-тото коло во Серија А. Милан вторпат по ред одигра со идентичен резултат, откако и во претходната рунда одигра 0-0 со Торино, па мака мачи да постигне гол.

Болоња имаше уште поголеми проблеми бидејќи пред дуелот со Милан немаше победа 7 кола по ред, серијата продолжува, но еден бод против гигантот може да се смета за успех.

„Росонерите“ играа и со играч помалку во последните 15-тина минути откако беше исклучен Бакајоко, но Болоња не успеа да ја искористи шансата и да ја прекине црната серија.

Милан остана на четвртата позиција со 27 бодови, 19 помалку од лидерот Јувентус, додека Болоња е во зоната за испаѓање на 18-тото место со 12 бода.

- Оглас -

Најнови вести