Европската ракометна федерација ја кази РФМ со 2.000 евра. Причината за оваа казна е навистина бизарна а таа е поради тоа што нашите ракометари носеле различна боја на чорапи.
Сето ова може само дополнително да го мотивира ракометарите денеска да излезат на терен и да демонстрираат сила и квалитет над Црна Гора.
Како што е добро познато, средбата е со почеток од 18:00 часот.