Макаби Тел Авив лесно го победи Химки со 79:63, а патот до триумфот им беше полесен бидејќи гостите го немаа во составот најдобриот стрелец Алексеј Швед. Тој не играше поради повреда на палецот, па неговите соиграчи се намачија да ја минат скромната граница од 60 поени.
Џордан Мики се обиде да им се спротивстави на домашните кошаркари, постигна 15 поени, но тоа не беше доволно за посилен отпор.
Кај Макаби, Кендрик Реј одигра одличен меч и беше најефикасен со 17 поени, пред Скоти Вилбекин со 14. За Макаби ова е четврта победа, колку што има и Химки, а двете екипи се во долниот дел на табелата во Евролигата со скромни шанси да се пласираат во топ 8.