Шпанија немаше проблеми против „болната“ Германија

Требаше да биде дерби, а така и изгледаше по првите 25 минути, но, Шпанија на крајот лесно ја совлада Германија со 29:23.

Сосема јасно, „панцерите“ немаа сили за изиенадување поради тоа што имаат голем број на заразени ракометари, па практично на теренот беа со втора постава.

На полувреме се замина од плус два (14:12) предност за Шпанците, додека на стартот од второто полувреме резултатот дојде и до 19:12, а Германија дури 14 минути немаше постигнато погодок.

Перез де Варгас имаше маестрална партиија на голот и со 15 одбрани беше еден од најдобрите заедно со некогашниот Вардарец, Хорхе Македа кој даде шест гола.

Со оваа победа, Шпанија има четири бода во групата „2“ се осамостои на првото место, додека Германците останаа на два бода.

Од истиот термин во Будимпешта, пак играа Франција и Холандија каде што „експертите“ славеа со 34:24.

Ајмерик Мин беше најефикасен со осум погодоци, а Франција има четири бода во групата „1“, додека Холандија остана на нула бодови.

- Оглас -

Најнови вести