Холандија славеше над Црна Гора со 34:30 во дуел на двете селекции кои се најпријатно изненадување на Европското првенство во ракомет. Лалињата беа во големи проблеми пред мечот, поради неколкумината заразени од Коронавирус.
Голманската позиција беше најкритична, па затоа на помош беше повикан Тијс Ван Лејвен. Тоа е 34-годишен голман кој брани во не толку познатиот белгиски тим Спортинг Пелт.
Ван Лејвен никогаш претходно не бил дел од ЕП, а вчера реши да го прифати репрезентативниот повик и се приклучи на селекцијата. Денеска, не само што беше во тимот, Тијс Ван Лејвен се претвори во херој.
На мечот против Црна Гора, Ван Лејвен имаше 15 одбрани и на крајот беше прогласен за најдобар играч на мечот.