Кајл Вокер казнет од УЕФА со три натпревари неиграње, Сити нема да се жали

Манчестер сити на двата натпревари од осминафиналето во Лигата на шампиониоте против Спортинг Лисабон, и на евентуалниот прв дуел од четвртфиналето, нема да смета на бекот Кајл Вокер.

УЕФА го суспендираше Вокер со три меча неиграње, поради црвениот картон кој англискиот десен бек го доби на дуелот со Лајпциг во групната фаза, кога грубо стартуваше над Андре Силва. Од Сити најавија дека не планираат да се жалат на одлуката и се помирија со фактот дека ќе треба да играат без Вокер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести