Најтрофејните шкотски фудбалски клубови, Ренџерс и Селтик, попладнево им приредуваа шокови на своите навивачи.
Ренџерс губеше по првото полувреме на гостувањето кај Рос каунти, па направи пресврт и водеше 3-2, а во шестата минута од судиското продолжение, домашните дадоа гол и изедначија на 3-3, „откинувајќи“ му два бода на фаворитот и лидер на табелата.
Селтик играше дома со Данди јунајтед и долго се мачеше да постигне гол, а како дополнителен проблем беше и црвениот картон за Битон во 81-ва минута. Зелено-белите продолжија да напаѓаат и со играч помалку, а Израелецот Абада погоди во 91-та минута за победа од 1-0.
После овие резултати, Ренџерс има само два бода плус во однос на лутиот градски ривал.