Најавите дека Реал Мадрид веќе е договорен со Килијан Мбапе, а сака да го ангажира и Ерлинг Халанд, го плашат капитенот на Барселона, Жарарт Пике, па сега тој му дава совет на Норвежанецот да не оди кај Мбапе.
„Ако бев Халанд и ако сакав да ја освојам Златната топка, не би отишол во тимот за којшто игра Мбапе“, рече Пике.
Јасно е дека на Пике не би му пречело ако Мбапе и Халанд играат заедно за ПСЖ, но не би сакал двајцата да ги види против него во дресот на клубот кој најмногу го мрази.