Сега и официјално, Брејди потврди пензионирање: Тешко ми е ова да го кажам, но време е за пензија (ФОТО)

Пред неколку дена беше најавено, а денеска и самиот Том Брејди на 44-годишна возраст потврди дека се повлекува од активното играње американски фудбал.

Легендарниот квотербек на Њу Ингланд пејтриотс и Тамба Беј баканирс освои седум НФЛ-прстени, со што е убедливо на врвот, а и според најголемиот дел од фановите, тој е сметан за најголема легенда на овој спорт.

„Кога веќе чувствуваш дека не можеш да го дадеш максимумот, тогаш најдобро е да се откажеш бидејќи резултати нема да има.

Сакам да објавам дека ставам крај на мојата кариера и дека повеќе нема да играм активно фудбал и да имам договори со некоја од екипите. Иако ми е тешко ова да го кажам, но време е за пензија и посветување на некои други работи во животот, а ова поглавје беше дефинитивно едно од најдобрите ствари што ми се имаат случено.

Им благодарам на сите тие што веруваа во мене и ми дадоа шанса, а до сите навивачи исто така голема благодарност за поддршката и атмосферата на стадионите“, стои во дел од соопштението на легендарниот квотербек.

Брејди на драфтот во 2000 година беше дури на 199-тото место и имаше дури седум квотербекови пред него на таа листа, а шанса за докажување му даде Бил Беличик и Њу Ингланд пејтриотс, каде што ги однесе до шест НФЛ-титули.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tom Brady (@tombrady)

- Оглас -

Најнови вести