Фантастично деби: Муслиу и Инголштад со „петарда“ во мрежата на Нирнберг

Висар Муслиу имаше фантастично деби за Инголштад бидејќи со 5:0 славеа на гостувањето кај Нирнберг.

Македонскиот репрезентативец ги одигра сите 90 минути и со тоа на одличен начин ја започна авантурата во германскиот второлигаш, каде што опстанокот ќе биде главна цел.

Флоријан Пик (13′), Денис Екерт (17′) и Филип Библија во 41-та минута донесоа огрмни 3:0 за гостите по првиот дел, а печат на победата ставија Патрик Шмид и Валмир Сулејмани во 49-та и 80-та минута.

Со оваа победа, Инголштад дојде до 13-от бод во Бундеслига 2 и сè уште е на последното место, но, сега има четири бода помалце од местото кое што носи плеј-аут, но, и два натпревари повеќе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести