Следува интересен период за Манчестер јунајтед, а допрва треба да се избере замената за Ралф Рангник и да се објави името на новиот тренер.
До крајот на сезоната на кормилото останува Германецот, а потоа ќе има нова улога како советник во клубот, па уште отсега Црвените ѓаволи се во потрага за нов менаџер.
Рангник си има фаворит и тоа е Ерик тен Хаг од Ајакс, а според информациите на англиските медиуми, играчите на Манчестер јунајтед во мнозинство се за Маурисио Покетино, кој е тренер на Пари Сен Жермен.
Иако ПСЖ доминира во Франција и сигурно ќе ја освои титулата, судбината на Аргентинецот најмногу зависи од резултатите во Лигата на шампионите.
Целта на Светците е да се освои шампионската круна во Европа и сè друго се оценува како неуспех.
ПСЖ во осминафиналето ќе има сложена задача во двомечот со рекордерот Реал Мадрид, кој има 13 европски титули.
Ајакс игра со Бенфика, па можно е ако биде елиминиран, да се оствари желбата на Рангник и Тен Хаг да слета на „Олд Трафорд“.