Шкупи со победа над ривалот Академија Пандев бара убав старт на втората полусезона

Откако вчера со средбата меѓу Брегалница и Ренова стартуваше вториот дел од сезоната во македонскиот фудбал, денеска истата продолжува со пет натпревари од 19-то коло од првата лига.

Најинтересно ќе биде во Чаир каде што лидерот и најсериозен кандидат за титулата, Шкупи ја пречекува Академија Пандев во дербито кое се игра од 14:00 часот.

За победа на домаќините, Sport Life нуди квота од 1.43, а вреди да се истакне дека гостите ќе бидат без најдобриот стрелец, Мартин Мирчевски кој замина во Бачка Топола.

Интересно ќе биде и во Битола каде што од истиот термин се игра средбата меѓу Пелистер и Работнички, екипи кои се во лоша форма и во долниот дел од табелата. Особено тоа важи за домаќините кои се на дното со само пет освоени бодови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести