Опасно невреме ја сардиса Холандија, нема да се игра фудбал денеска

Холандија е нападната од опасно невреме и земјата прогласи опасност од портокалова фаза, што покрај останатото, донесе многу проблеми и за фудбалската игра.

Одложен е еден меч од Првата лига меѓу Фортуна ситард и Спарта Ротердам и сите 8 дуели од Втората лига што беа на распоред за денеска од 20 часот.

Во сите региони во Холандија се активирани услови кои важат за портокалова фаза, а Фудбалската федерација одлучи да се придржува кон правилата и да ги одложи сите натпревари.

Главна причина за одложувањето е силниот ветер, кој дува со брзина од 75 до 90 километри на час.

Слично се случи и во Германија, па освен прволигашките и второлигашките дуели, кои сепак ќе се играат денеска, одложени се неколку дуели од пониските лиги.

- Оглас -

Најнови вести