Севилја драстично ослабена пред гостувањето во Барселона

Екипата на Севилја е најголемиот ривал на Реал Мадрид во трката за титулата во Шпанија. Андалузискиот тим во четвртокот играше дуел од Лигата на Европа, а утре го чека голем предизвик, на гости во Барселона кај Еспањол, во меч од Примера дивисион.

Тимот кој заостанува само четири бода зад Реал Мадрид сигурно ќе брка победа, но тренерот Јулијан Лопетеги има проблеми околу составот, посебно во одбраната. Карим Рекик го повреди бутниот мускул на мечот против Динамо Загреб и ќе паузира три недели. Повреден е и Бразилецот Диего Карлос, додека левиот бек Акуња е суспендиран поради жолти картони.

Тоа значи дека тројца стандардни играчи на Севилја нема да играат против Еспањол. Севилја има добар биланс со овој ривал и победил на пет од последните шест меѓусебни дуели.

- Оглас -

Најнови вести