Холандското првенство е познато како едно од најефикасните во Европа. Ајакс е тимот кој доминира и сезонава има 17 победи, три нерешени и само два порази во 22 меча. Во досегашниот дел од првенството, Ајакс даде неверојатни 69 погодоци, што во просек е повеќе од три гола на натпревар.
Холандскиот гигант денеска ќе гостува кај Вилем Втори, тим кој се бори за опстанок. Освен тоа што Ајакс сезонава нема милост против ривалите, традицијата со дуелите против Вилем Втори вели дека може да се очекува нова голеада.
На осум од последните 11 дуели на овие два тима, имало барем по четири погодоци. Во сите тие осум средби со по четири или повеќе голови, Ајакс победувал. И денеска тимот од Амстердам е голем фаворит за победа, а во Sport Life квотата за 4+ е како подарок за ваков натпревар.