Џака повторно со потег што ги налути навивачите на Арсенал (Видео)

Арсенал со 2:1 го победи Брентфорд, а освен по трите гола, дуелот ќе се памти и по потегот на Гранит Џака. Фудбалерот на Арсенал, одби да ја стави капитенската лента на Топчиите и покажа непочитување кон клубот.

Се играше 84 минута кога младиот Еди Нкетијан го замени капитенот Александре Лаказет. Капитенската лента требаше да замине на раката на Џака, но швајцарскиот репрезентативецот едноставно одби да ја земе лентата.

Младиот Нкетијан збунето не знаеше што да направи, а на крајот капитенската лента заврши на раката на Керјан Тирни, додека Џака повторно го навлече гневот на сопствените навивачи.

Џака во минатото беше капитен на Арсенал, но во 2019 година беше сменет од таа привилегија, откако се скара токму со фановите на Топчиите. По еден меч, додека излегуваше од игра, навивачите му свиреа на Џака, а фудбалерот им возврати со навредлива гестикулација.

https://twitter.com/i/status/1495079733750546434

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести