МЗТ Скопје Аеродорм и ТФТ се екипите кои вечерва од 19:30 часот во СРЦ „Кале“ ќе играат во финалето на кошаркарскиот куп на Македонија. МЗТ е десеткратен освојувач на Купот и актуелен бранител на тронот, додека ТФТ веќе испиша историја со пласманот во финалето, но секако дека и тие ќе сакаат да се радуваат на трофејот.
За аеродромци ова е 15-то финале со што се израмија по бројот на учества во завршниот меч со Работнички. Доколку МЗТ го освои пехарот, ќе стане најуспешниот клуб во историјата на Купот. Засега, Штрковите и нивниот најголем ривал од „Градски парк“ имаат по 10 вакви одличја.
ТФТ минатата сезона влезе во Прва лига и досега има одиграно само три мечеви против МЗТ Скопје Аеродром. Во сите три меѓусебни дуели, аеродромци победиле. Сезонава беше 90:82 за МЗТ, а лани шампионот победи во двата меча и тоа со 97:78 и 91:78.
Вечерва останува да видиме дали МЗТ ќе стигне до јубилејниот 11-ти трофеј или ТФТ за прв пат во клупската историја ќе се радува на пехарот.