Симеоне ќе бара совет од двајца врвни тренери во Премиер лигата како да го елиминира Манчестер јунајтед

Атлетико Мадрид и Манчестер јунајтед во среда од 21 часот ќе го одиграат првиот осмина-финален натпревар од Лигата на шампионите.

И двете екипи играат во променлива форма, а особено тоа важи за Манчестер јунајтедкој треба денеска да игра против Лидс, но и не може да врзе два квалитетни натпревари едноподруго.

Според информациите од Шпанија, тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне ќе побара совет како да го мине ривалот од Англија, од двајца тренери на тамошни екипи.

Станува збор за неговите пријатели Пеп Гвардиола од Манчестер сити како и Марсело Биелса кој токму денеска со Лидс треба да ги одмери силите со „црвените ѓаволи’.

Биелса сè уште нема триумф над Манчестер јунајтед како тренер на Лидс, додека Гвардиола добро знае што треба да се направи за да се победи овој тим.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести