Маслинко: Издржавме машки, енергијата и квалитетот ни го исполнија сонот (Фото)

ТФТ Скопје заслужено ја слави првата куп титула во клупската историја по убедливата победа од 80:66 против фаворизираниот тим на МЗТ Скопје, кој не успеа да стаса до рекордниот 11. пехар.

Аутсајдерот на хартија стана куп победник на терен, а енергијата, желбата за победа и квалитетот беше пресуден во финалето.

„Мислам дека ги изненадивме сите со енергијата и желбата за победа. Квалитетот воопшто не е спорен и заслужено го освоивме пехарот. Игравме се подобро во секоја следна фаза од купот, а и во финалето одигравме машки, покажавме заби против фаворитот и заслужено се радуваме на големата победа, изјави Андреј Маслинко, кој е поранешен играч на МЗТ Скопје.

Поарзот го признаа од противничкиот табор, а повторно се потенцираше физичката надмоќ на кошаркарите на МЗТ Скопје.

„Играчите на ТФТ Скопје имаа повеќе енергија и поголема желба за победа. Им честитам на заслужената победа. Ние имавме големи проблеми со скокот, иако обрнувавме внимание на тој сегмент при подготовките за финалето. Не успеавме да го сопреме Смит, а кога дозволувате толку многу шанси за втор напад поразот е неминовен. Проблем ни беше и со прерано завршениот меч за Дамјан Стојановски. Притоа направивме и неколку несфатливи грешки, но купот затоа е и интересен“, изјави тренерот на МЗТ Скопје, Дарко Радуловиќ.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести