Доби отказ по убедлива победа од 3:0, објаснувањето е чудно (Фото)

Тренерот на швајцарскиот гигант Базел, Патрик Рахмен, доби отказ и тоа само по два дена откако го предводеше тимот до убедлива победа од 3:0 против Лозана.

Објаснувањето е чудно, а отказот дојде во уште почуден момент, по триумф на клубот со 20 шампионски титули во Швајцарија.

Според објавата на клупскиот сајт на Базел, Рахмен немал вистинска визија за иднината на клубот и не направил значаен чекор во развојот на првиот тим.

Рахмен, кој како фудбалер ја почна кариерата во Базел, лани најпрво беше поставен за В.Д тренер, а потоа стана и постојан шеф на стручниот штаб на повеќекратниот швајцарски првак.

https://twitter.com/FCBasel1893/status/1495763006994665476?s=20&t=LhF8qcegXpfN-x0t2ocG3w

Базел доминираше во минатата декада и освои 8 титули по ред, од 2010 до 2017 година, но оттогаш започна доминацијата на Јанг бојс со 4 пехари по ред.

По 22 кола во швајцарското првенство, Базел е на делба на второто место со Јанг бојс, а и двете екипи имаат по 40 бода и се далеку од титулата.

Лидер е Цирих со 50 бода и е главен кандидат за шампионската круна.

 

 

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести