Македонија одигра скромно прво полувреме во Тбилиси и губи од Грузија со 46:31 во меч од третото коло во квалификациите за настап на Светското првенство во 2023 година.
Особено лош беше вториот период од 10 минути за нашата репрезентација, само со 13 постигнати поени.
Тандемот Тад Мекфаден и Ѓорѓи Шермадини заедно постигнаа 32 поени, повеќе од целиот состав на Македонија.
Грузијците најавија победа уште од самиот старт на мечот, а Македонија не водеше ниту еднаш во првото полувреме.
Најблиску бевме до негатива од еден поен, 13:12, но потоа паднавме во темпото. Најефикасен по првиот дел кај нас е Војдан Стојановски со 9 поени, пред Дамјан Робев со шест.
Македонија веќе има два порази, сега е и пред третиот во првите три меча во Г групата и е на последното место во конкуренција на Шпанија, Грузија и Украина.