Поранешниот македонски селектор, Марин Докузовски, е наименуван за нов тренер на косовскиот прволигаш Пеќ.
Ова за 61-годишниот Докузовски е враќање во Косово, со оглед на тоа што претходно беше дел од Сигал Приштина, со кој во 2014 година ги освои титулата и купот.
Докузовски на клупата на Пеќ седнува на местото на Турчинот Шемсетин Баш.