Шалке 04 го исполни ветувањето и на мечот со Карлсруе, Дарко Чурлинов и неговите тимски колеги на терен излегоа со дресови на кои на предната страна го немаше името на спонзорот Газпром.
Со години рускиот гигант беше доминантен на дресовите на Шалке, но клубот од Гелзенкирхен реши да ги тргне од предната страна. За да не биде дресот празен, од Шалке смислија да залепат натпис со името на клубот.