Русите сметаат дека Полска и Шведска им се плашат, ќе бараат службено да се пласираат на СП

Руската фудбалска федерација (РФФ) изрази надеж дека Полска и Шведска ќе добијат службени порази, во случај да одбијат да играат во претстојните квалификациски баражи за пласман на Мундијалот во Катар.

Русите на 24-ти март треба да играат против Полска во Москва, а победникот оди во финале против Шведска или Чешка. Полјаците и Швеѓаните најавија дека нема да играат со Русија, поради ситуацијата во Украина. Ако нешто не се смени, ФИФА ќе треба да ги следи своите прописи и на Русите да им додели службена победа против Полска, бидејќи исклучување на Русија би било мешање на политика во спортот.

Потпретседателот на РФФ, Сергеј Анохин, смета дека Украина е само алиби на Полјаците.

„Полска едноставно се плаши да игра со нас. Ова не е спортски принцип. Фудбалот треба да биде надвор од политиката. Сите се плашат од Русија, дури и полските фудбалери“ – смета Анохин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести