Пред точно 23 години последен пат во Премиер лигата играше тим само со Англичани

На 27 февруари 1999 година, Астон вила беше домаќин на Ковенти, меч за кој тогаш не се веруваше дека ќе биде историски. На стадионот во Бирмингем, домашниот тим во стартниот тим истрча само со домашни фудбалери.

Единаесет англиски фудбалери беа во стартниот тим, а тренерот Џон Грегори направи три измени и сите тројца играчи кои влегоа од клупата повторно беа Англичани.

Домашните фудбалери не успеаа да се спротистават на Ковентри, па гостите на крајот победија со убедливи 4:1.

Пред овој меч, во Премиер лигата имаше 55 екипи кои имале само англиски фудбалери во своите состави и тоа во 2.792 меча кои се имаа одиграно дотогаш. Астон вила е клуб рекордер со најмногу мечеви одиграни само со англиски фудбалери во Премиер лигата. Вкупно 19 пати тимот од Бирмингем бил само со домашни фудбалери. Потоа следува Њукасл со 14 натпревари на кои Свраките играа само со Англичани во составот.

Од тој меч на 27 февруари 1999 година, поминаа точно 23 години, а ниту еден англиски премиерлигаш не се најде да одигра натпревар во првенството само со домашни фудбалери.

- Оглас -

Најнови вести