Репрезентациите на Украина и Русија денеска требаше да се соочат на еден турнир во мечување, но двобојот не е одржан.
Репрезентативците на двете земји се појавија во салата во Каиро, но украинските репрезентативци излегоа само за да кажат дека нема да се натпреваруваат против Русите, и тоа поради воената инвазија на Русија врз Украина.
Equipe da Ucrânia se recusa a enfrentar time da Rússia em torneio no Cairo, válido pro circuito mundial da esgrima.
Federação Internacional da modalidade é comandada por um bilionário da oligarquia do Putin. pic.twitter.com/2E5JK5Kl4S
— Demétrio Vecchioli (@Olhar_Olimpico) February 27, 2022
Публиката во салата со аплауз ги испрати Украинците, а интересно е и дека двајца од руските мечувалци срамежливо аплаудираа и им дадоа поддршка на своите противници и нивната одлука да не се натпреваруваат.