Лидс со неверојатен пресврт победи на гости кај Астон Вила (Видео)

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски го одигра целиот меч во победата на Лидс на гости кај Астон Вила од 3:2. Со овој триумф, Лидс се врати на чело на табелата во Чемпионшип, покажувајќи дека има сила за пласман во Премиер лигата.

Астон Вила даде два гола уште во првите 20 минути и ги израдува фановите на стадионот во Бирмингем. Сепак, Лидс не се предаде и во второто полувреме започна пресвртот. Кларк и Јансон погодија за израмнување во 61 минута. Драмата се случи во 95 минута, кога Руф го комплетираше пресвртот и донесе голема победа на Лидс.

Алиоски доби жолт картон на овој интересен меч. Лидс сега има 48 бодови по 23 меча, а Норич е втор со еден бод помалку. ВБА е на третото место со 42 бодови.

https://youtu.be/w5Nb_kMifyg

- Оглас -

Најнови вести