Железничар со 1:0 славеше над Сараево во големото дерби од 21-то коло во првата лига на Босна и херцеговина.
Александар Васоски го загуби својот прв меч во големите дербиња на Сараево, откако стрелец на голот беше Амир Хоџиќ кој погоди во 31-та минута со што донесе голема радост на популарната „Грбавица“.
Точка на победата на домаќините стави Емир Зец со гол во последните мигови.
Амир Хоџиќ не е омилено име и презиме меѓу навивачите на Железничар бидејќи пред неколку години, друг фудбалер со исто име и презиме погоди за 2:2 во сараевското дерби, по што почна да упатува погрдни зборови кон овие навивачи, кои пак исто така му возвратија со фрлање камења и сочни пцовки.
Денеска, не им пречеше да се радуваат на голот и на победата над вечниот ривал.
Даниел Аврамовски и Крсте Велковски влегоа во вториот дел, но не успеаја да постигнат гол, а голема глупост напреви капитенот на Сараево, Амер Дуповац кој што доби црвен картон пред истекот на првото полувреме.
И покрај овој пораз, Сараево останува на петтото место со 31 бод, додека големиот ривал, Жељо сега има два помалку и е веднаш зад нив.