Валон Етеми игра во добра форма за екипата на Истанбулспор во втората турска лига, а тоа го потврди и денеска каде што даде нов гол.
Новопечениот македонски репрезентативец погоди во 12-та минута погоди против Тузласпор со што го најави триумфот од 2:0 на ова незгодно гостување во рамките на 26-то коло од турската втора лига.
Етеми покрај овој шести гол, има и седум асистенции со што е најдобар асистент во ова натпреварување. А со тоа и се наметнува дополнително кај селекторот Благоја Милевски во пресрет на бараж-натпреварот против Италија за Светското првенство во Катар.