Секели прави магија и е несовладлив во Битола, Пелистер води против АЕК во бурен меч (Видео)

Унгарецот Мартон Секели брани велемајсторски во Битола и е најзаслужен што Пелистер води против АЕК во бурен меч со 10:8.

Секели ги спушти ролетните на голот на битолчани и прими само 8 гола за 30 минути игра.

Особено импресивна беше неговата одбрана во осмата минута од мечот, кога во ситуација еден на еден го сопре ударот на Пападионисиу.

https://twitter.com/ehfel_official/status/1501258049801043971?s=20&t=fGUi1EuEqh1ZDSJVe7mEcQ

Во финишот на првото полувреме имаше и гужба на теренот и вербални дуели меѓу ракометарите на двата тима, но се мина без посериозен инцидент во последното коло во фазата по групи во Лигата на Европа на ЕХФ.

- Оглас -

Најнови вести