Битолчани со песна и полна мрежа ги испратија Грците, следен ривал е Нексе (Видео)

Пелистер беше убедлив и со 30:19 го победи грчки АЕК во Битола во последното коло во фазата по групи и си обезбеди двомеч со хрватски Нексе во нокаут фазата во Европа Лигата на ЕХФ.

Битолчани ги предводеше феноменалниот голман Мартон Секељи кој имаше 15 одбрани, популарните Чкембари даваа тон од трибините и за АЕК тоа беше преголем залак.

https://twitter.com/ehfel_official/status/1501268257726255107?s=20&t=fGUi1EuEqh1ZDSJVe7mEcQ

Грците испаднаа во Европа Лигата, а Пелистер се пласира на второто место во Д групата, зад Ним и во првата нокаут фаза ќе игра со Нексе.

Вечерва во Битола македонскиот тим имаше расположени ракометари, а најефикасен беше Мандалиниќ со 7 гола. Табоада даде шест исто колку и Божиќ-Павлетиќ.

Кај АЕК, кој само еднаш водеше на мечот и тоа со 2:1 на стартот, најефикасен ракометар беше Тонијацо со шест гола.

- Оглас -

Најнови вести