Хамилтон е разочаран: Со ваков болид ние немаме шанси да победиме

Викендот пред нас го означува почетокот на новата сезона во Формула 1, којашто очекуваме да биде многу повозбудлива од претходната.

Тимовите ги прават завршните корекции пред првата трка во сезоната, која ќе се вози на патеката „Гулф Еир“ во Бахреин. Макс Ферстапен ја брани титулата со болидот на Ред Бул, а неговиот најголем конкурент и овојпат ќе биде Луис Хамилтон со Мерцедес.

Сепак, Британецот не е оптимист по првичните тестирања.

„Со ваков болид немаме шанси да остваруваме победи. Од тоа што може да се види, Ред Бул се далеку подобри и побрзи од нас, а голем напредок има и кај Ферари и Мекларен и можам да кажам дека и тие се подобри од нас.

Ние сме надвор од самиот врв и ќе мораме да направиме нешто сензационално за да се вратиме таму. Но, има време до првата трка, а и до крајот на сезоната“, изјави Британецот.

- Оглас -

Најнови вести