Ренова и Пелистер ремизираа без голови во последниот меч од 23-тото коло во Прва лига на Македнија. Ренова беше голем фаворит за победа, но битолчани успеаја да останат непоразени.
Домаќините има за што да жалат затоа што уште во осмата минута од мечот можеа да поведат, но Селмани промаши пенал. Во продолжение на мечот, Ренова напаѓаше, но гостите одлично се бранеа и на крајот стигнаа до бод.
Ова е вторпат само во две недели Пелистер да остане непоразен против Ренова затоа што на 28 февруари, дуелот во Битола заврши 1:1. Пелистер е „закован“ на дното на табелата само со седум бодови, а интересно е дека ова е само втор бод за нив освоен на гости сезонава во 12 дуели. Првиот гол го освоија против Работнички во септември, кога беше 1:1.
Ренова останува на шестото место со 33 бодови од 23 меча.