Полскиот репрезентативец Грегорж Криховјак експресно најде нов клуб и ќе игра за грчкиот гигант АЕК откако го напушти рускиот клуб Краснодар.
Еден од најдобрите дефанзивни играчи за врска во Европа ќе игра за АЕК до крајот на оваа сезона.
Криховјак доби зелено светло од раководството на Краснодар да го напушти клубот заедно со останатите странски фудбалери поради ситуацијата во Русија, која е под блокада и на спортски план по инвазијата во Украина.
Криховјак ја искористи можноста и потпиша договор без отштета со АЕК.
Полјакот има две титули со Севилја во Лигата на Европа, а има и по две титули со ПСЖ и со Локомотив Москва во Русија.