Напаѓачот на Пасос де Фереира, Луис Фелипе потпиша шестгодишен договор со Спортинг Лисабон во трансфер што ги чини „лавовите“ од Лисабон 500 илјади евра, а интересно е тоа што веднаш му одредија цена од 60 милиони евра како оштетна клаузула.
Фелипе има 25 години и е најдобар стрелец во Втората португалска лига. Пасос де Фереира одлучи да го продаде за половина милион евра и плус ги доби Барбоса и Балде од Спортинг.
Клубот, за кој игра и нашиот репрезентативец Стефан Ристовски, веднаш во договорот, што важи до 2024 година, за Луис Фелипе истакна и оштетна клаузула вредна 120 пати повеќе од сумата што ја плати на Пасос де Фереира за напаѓачот.