Езџан Алиоски постигна нов гол за Ал Ахли, вечерва против Ал Хилал во првенството на Саудиска Арабија, но беше немоќен да спречи пораз од 4:2 на гостински терен.
Македонскиот репрезентативец го постигна последниот гол на мечот, во 96. минута и е втор стрелец во тимот со 6 гола, а има и 6 асистенции.
https://twitter.com/AlioskiJust/status/1504908131641573382?s=20&t=fliOg7-xkZtFwoFHv7rgVA
Сепак поразот беше неминовен, а особено лошо одигра стоперот Абдулбасит Хинди, кој игра веднаш до Алиоски.
Неговиот кикс во 11. минута умешно го искористи поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Одион Игало и го постигна првиот од своите три гола.
Игало постигна хет-трик во првото полувреме и веќе по 45 минути беше јасно дека Алиоски и соиграчите од Ал Ахли ќе мора да се помират со нов пораз.
Киксот на Хинди и првиот гол на Игало можете да ги погледнете ОВДЕ.