Македонската ракометна репрезентација очекувано, немаше никакви проблеми да ја одбрани предноста од осум погодоци (30:22) на раваншот против Романија и се пласираше во финалето од баражот за СП.
Момците на Кире Лазаров, во манир на голема репрезентација одиграа толку колку што треба, а поразот од 24:22 е незначителен.
Во текот на сите 60 минути, Македонија не дозволи никаков пад во играта а иако оваа Романија одигра и послабо од тоа во Скопје, јасно е дека немаше потреба за ризици и евентуално повреди на ракометарите.
Најефикасен наш ракометар беше токму Лазаров со пет погодоци, додека на теренот највеќе голови даде Хавиер Хаминде Гумет кој погоди шестпати.
Првиот натпревар против Чешка го играме на гостински терен на 13-ти април, додека само три дена подоцна, Македонија во преполната „Борис Трајковски“ арена ќе бара заверка на настапот на Светскиот шампионат во Полска и Шведска, кој се игра на почетокот на наредната година.