Фалангата се комплетира, некои навивачи патуваа речиси и 35 часа за да ја бодрат Македонија

Плоштадот „Франческо Криспи“ ќе биде собирното место и денешна фан-зона на македонските навивачи во Палермо и тука ќе се види колкав е бројот на Фалангата која ќе ги бодри македонските фудбалски репрезентативци во баражот за Светското првенство против Италија.

Има навивачи коишто дојдоа уште пред три дена, некои пристигнаа синоќа по исцрпувачкото патување од над 30 часа, па поддршката е комплетирана и низ главните улици на Палермо веќе е забележливо присуство на луѓе со македонски обележја и реквизити.

Иако ќе бидат малцинство на трибините, Македонците ветуваат дека нема да ги штедат своите грла и дланки, а се надеваат дека за нивната верност и посветеност ќе бидат соодветно наградени од фудбалерите, од кои се бара борба и оставање срце на терен, па зошто да не и победа за финале.

ФФМ пред неколку дена објави водич за сите фанови кои се во Палермо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести