Азија даде уште два нови учесника на Мундијалот во Катар

Репрезентациите на Јапонија и Саудиска Арабија се најновите учесници кои ќе бидат дел од Светското првенство во Катар. Јапонија во директен дуел успеа да ја победи Австралија, и тоа на гостински терен и со тоа дефинитивно обезбеди едно од првите две места во групата.

Дуелот во Сиднеј беше решен во последните минути. Австралија тргна со сите сили да даде гол, но наместо да погодат, Кенгурите примија два гола. Во 89-тата минута Митома погоди за водство на Јапонија од 1:0, а во четвртата минута од судиското надополнување, истиот играч се радуваше по вторпат за победа на Јапонија од 2:0.

Победата на Јапонија значеше и пласман на Саудиска Арабија на Мундијалот во Катар, и тоа пред да го одиграат својот меч против Кина.

Од азиските квалификации, претходно како учесници на планетарниот собир беа познати и селекциите на Иран и Јужна Кореја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести