Јанис Адетокумбо блескаше во Њујорк на божиќната кошаркарска журка и со 30 поени и 14 скокови го предводеше Милвоки бакс до победа против Никс со 109:95.
Одличен беше и поранешниот играч на Њујорк, Брук Лопез со 20 поени, а домаќините немаа сили да им се спротивстават на расположените кошаркари на Бакс.
Само првата четвртина му припадна на Њујорк со 24:22, а потоа сè беше во знакот на гостите. Милвоки ја забележа 22-та победа во 32-риот меч во НБА-лигата.
Њујорк има само 9 победи на 34 меча, а вечерва само Кевин Кнокс беше расположен за игра со 21 поен.