Руската ера завршува во Монако, Принцот Алберт прави пресврт

Димитри Риболовлев нема да биде главен човек во Монако, а руската ера во клубот од Кнежевството завршува по божиќните празници.

Таква најава доаѓа од француските медиуми, а Принцот Алберт најавил радикални промени во познатиот клуб, кој е во криза и се бори за опстанок.

Најавен е нов сопственик на управувачкиот пакет акции од Канада, а во спортскиот дел ќе пристигне и славниот германски фудбалер Јирген Клинсман.

Тоа ќе биде одличен ветар в грб за Анри во обидот да се спаси Монако од најлошото, од испаѓање во понизок ранг на натпревари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести