Паоло Дибала нема да го продолжи договорот со Јувентус и налето ќе стане слободен агент.
Претставниците на фудбалерот не најдоа заеднички јазик до раководството на Јувентус околу продолжување на соработката, па тој веќе бара нов клуб каде што ќе ја продолжи кариерата.
Иако сите очекуваа тоа да биде Интер, кој му даде четиригодишен договор со осум милиони евра по сезона, Дибала посакува да замине во Атлетико Мадрид. Наводно, тој е заинтересиран да соработува со Диего Симеоне и да му се приклучи на актуелниот првак на Шпанија. Сепак, треба да се достави понуда и од страната на Атлетико којашто би ги задоволила барањата на Аргентинецот.
Дибала во Јуве дојде во 2015 година и од тогаш има 202 настапи на кој има дадено 80 погодоци.