МЗТ Скопје го врати долгот, му се реваншираше на ТФТ Скопје за поразот во финалето на купот

Актуелниот шампион МЗТ Скопје успеа да го пбеди ТФТ Скопје во градското дерби со 93:87 и на некој начин да се реваншира за поразот во финалето на националниот Куп на Македонија.

Вечерва фаворитот не дозволи изненадување и постојано водеше, па ги доби првите три четвртини и славеше триумф од 6 поени разлика.

Војдан Стојановски со 21 поен беше најефикасен кај домаќините, а Ландруис Хортон со 23 поени беше прв кошгетер кај ТФТ Скопје и на мечот.

Дамјан Стојановски постигна 17 поени како втор стрелец во братскиот тандем кај шампионот.

МЗТ Скопје остана на второто место со 37 бода, еден помалку од лидерот Пелистер, а ТФТ Скопје е на делба на петтото место со Еуро Никел со по 32 бода.

 

- Оглас -

Најнови вести