Српски репрезентетивец по паузата се врати дома и доживеа шок – Ќе се зачудите што сè му украле

По завршувањето на репрезентативната пауза, фудбалерите се се упатија кон своите клубови, а при враќањето во Ремс, Предрак Рајковиќ доживеал шок.

Неговиот дом по втор пат од неколку месеци е опљачкан од крадци а покрај тоа што земале накит и пари, овојпат тие отишле и чекор понатаму, па украле и од мебелот.

Тој сето тоа го пријавил во полиција, а од претходната кражба која сè уште не е решена и се случи токму за време на репрезентативната пауза, му се украдени пари и накит во вредност од 100 илјади евра.

Со оглед на тоа дека Србија ќе биде дел од Мундијалот во Катар, можеме да погаѓаме што ќе му земат крадците наредниот пат од домот на Рајковиќ.

- Оглас -

Најнови вести