Мечот што ќе се игра на неутрален терен, најнеизвесен од петте во македонската прва лига

Четири „сигурни“ победи на домашните тимови во петте денешни натпревари се најавуваат во 25-тото коло на Првата македонска фудбалска лига, барем според квотите во обложувалниците Sport Life.

Најнеизвесно се очекува да биде на дуелот на Брегалница и Ренова. Штипјани нема да играат дома, бидејќи теренот во Штип се поправа, па Ренова ќе ја пречекаат на тренинг центарот на ФФМ, „Петар Милошевски“ во Скопје.

Јасна фаворитска улога имаат Академија Пандев против Скопје, Македонија на свој терен во Ѓорче Петров против Пелистер, Шкендија која го пречекува Борец и лидерот Шкупи кој ќе го нагости Тиквеш.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести