По одигрувањето на последните осминафинални дуели вечерва, познати се сите четири четвртфиналиња во машката ракометна Лига на шампиони.
Флензбург го елиминира ПИК Сегед, а Пари Сен Жермен беше многу подобар од Елверум, па сега се знае меѓу кои осум тима ќе се води битката за европската клупска титула.
Паровите за четвртфиналето се: Веспрем – Алборг, Монпелје – Кјелце, ПСЖ – Кил и Флензбург – Барселона. Дуелите се играат на 11 и 18 мај.